Global Voices на македонски има чест да Ве покани на средба на членовите и поддржувачите на Global Voices, која ќе се одржи на 30 ноември (сабота), од 12:00 до 15:00 во ГЕМ клубот.
За време на средбата ќе имате можност да се запознаете подетално со можностите за вклучување во заедницата на Global Voices, но и за можностите за финансирање на мали проекти преку програмата Rising Voices. Настанот има за цел да ја зајакне заедницата во Македонија, но и да ја прошири со нови членови и поддржувачи.
Агендата на настанот е:
12:00-12:30 Зошто сме тука?
12:30-13:00 Запознавање со Global Voices & Rising Voices
13:00-13:30 Кафе пауза
13:30-14:30 Работа во групи (паралелни сесии):
- Подобрување на процесот на микро-грантови на Rising Voices
- Како може да ја зголемиме вклученоста во Global Voices
14:30-14:45 Презентација на работата на групите
14:45-15:00 Следни чекори за Global Voices на македонски
За сите оние кои сакаат да присуствуваат на средбата, а живеат надвор од Скопје, би можеле да ги покриеме патните трошоци во висина на повратна автобуска карта.
Доколку сакате да присуствувате, а сигурни сме дека голем дел од вас сакаат, би Ве замолиле да ја пополните оваа форма со цел да имаме подобра слика за бројката на присутни: http://0.mk/GVMeetup
Се надеваме дека голем дел од вас ќе бидат во можност да присуствуваат на средбата. Се гледаме во сабота!