Инспирани од примерот (анг.) на литванскиот град Каунас, на 25 декември во Градскиот парк во Скопје група македонски твитерџии направи новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да ја „подигне свеста и личната одговорност кон средината во која живееме“. Организаторите на акцијата ги користеа нивните блогови (1, 2, 3, 4) како почетна точка за брзата кампања преку социјални медиуми #елкамк. Дрвото остана да стои и во текот на ноќта, а ако сиромасите кои собираат пластика за рециклирање од улиците и конејнерите за ѓубре не го пожнеат, авторите планираат соодветно да го отстранат по Нова година.
Македонија: Новогодишна елка од пластични шишиња
Овој пост е достапен и на:
| Nederlands | · Macedonië: Kerstboom van plastic flessen |
| Español | · Macedonia: Un árbol de navidad hecho de botellas plásticas |
| English | · Macedonia: Christmas Tree Made of Plastic Bottles |














































5 коментари