За разлика од западно-европските земји кои го прославија Божиќ на 25-ти декември, други земји го прославија Божиќ во текот на оваа недела. Во Ерменија, ова прерасна дури и во најинтересна тема на Твитер благодарение на Ким Кардашиан, џет сетерка со американско-ерменско потекло која објавуваше новости на Твитер, а тоа го читаа нејзините 5.796.422 симпатизери.
Благодарение на симпатизерите на Кардашиан на Твитер, кои го споделија истиот линк на нивните профили и на сите оние кои ја споделија веста од симпатизерите на Кардашиан, информацијата за славењето на Божиќ во Ерменија на 6 јануари почна да се шири како вирусна инфекција.
Но, во тоа и се успеа.
Леле, неверојатно! @RobKardashian Ерменскиот Божиќ стана најинтересна тема! Одлично!
Сепак, како резултат на некои бесни одговори, американскиот комичар Дејв Чапел не беше баш сигурен дали овој празник е реална работа.
Среќен Божиќ во Ерменија! ОК. Вам ви беше редот да креирате празник.
Се разбира, не беа само симпатизерите на Кардашиан кои ја објавуваа веста на Твитер. Корисниците на Фејсбук исто така постојано праќаа пораки и слики или пишуваа статуси за ерменскиот Божиќ.
Земјата сосед, Грузија, како и неколку други земји го прославија Божиќ наредниот ден на 7-ми Јануари.
Моите пријатели од Грузија денес слават Божиќ. Нека им е честит Божиќ! #itsasmallinteterestingworld
Во мојот случај, Божиќ не помина во традиционални рамки и покрај тоа што бев во Ерменија.