Украина: Кратки филмови на младината за родовата еднаквост

Просечната украинска жена е високо образована, а сепак заработува околу 30 проценти помалку од просечниот маж на слична функција. Многу е веројатно таа да биде отпуштена од работа или пак воопшто да не биде најмена, бидејќи може да забремени. Дури и да нема деца, таа се уште го носи на грб поголемиот дел од работата во домаќинството, што ја спречува да гради кариера. Исто така, шансите таа да подлегне на домашно насилство се речиси 50 проценти.

Иако законите во Украина, вклучувајќи го и уставот на државата, воспоставуваат легална рамноправност помеѓу мажите и жените, сепак затворањето на јазот помеѓу законодавството и неговата имплементација е тешка задача. Како и да е, традиционалните ставови и вредности полека се менуваат и обичните граѓани, како и адвокатите кои се залагаат за правата на жените имаат важна улога во процесот. На пример во август 2010, над 1,000 луѓе маршираа во Киев, главниот град на Украина, со цел да го осудат домашното насилство, додека пак стотици волонтери се придружија кон кампањата за подигање на свеста за домашното насилство.

Видео-натпревар за младите Украинци

Од 17ти Јуни до 10ти септември 2011, група на талентирани млади луѓе ги поднесоа своите видео-клипови за натпреварот на краток филм наречен „Гени на еднаквоста“. Учесниците имаа за задача да направат 5 минутен филм за една од двете категории: „5 минути родова еднаквост“ или „5 минути за спречување на домашното насилство“. Натпреварот беше спонзориран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Делегацијата на Европската Унија во Украина.

Победниците ќе бидат изгласани од страна на жири, а истовремено и Јутјуб корисниците ќе можат да го даваат својот глас за кратките филмови. Онлајн видеата веќе биле прегледани скоро 50,000 пати, а најдоброто ќе биде прикажано на филмскиот фестивал, кој треба да се одржи во Киев, во октомври 2011.

Подолу ќе најдете селекција на филмови, кои што можат да бидат разбрани од говорниците на сите јазици, а повеќе филмови можете да најдете на страната на Јутјуб, GenderTube.

„Насилство во семејството – живот растргнат на парчиња„ – од „Infinity“


„Смени го фокусот – не ја гледај жената само како сексуален објект“ – од „Just a kilo“

 

„А Што е со Твоето Семејство?“ – од „Divine Animators“

 

„Занаетчиството не знае за родови“- од „NONAME_GROUP“

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.