Реакции во врска со смртта на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ил

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ил почина од срцев удар на 17-ти декември, 2011 година. Националната севернокорејска телевизија ги прикажа севернокорејците како тажат и плачат.

Постојат грижи дека смртта на Ким Јонг-ил би можела да го дестабилизира корејскиот полуостров; војската наводно тесстирала проектили со краток домет. Јужнокорејската твитосфера реагираше со неколку одговори на новостите. Реакциите варираа од критики упатени кон јужнокорејската влада поради неспретно управување со ризик, отворени критики кон медиумите, кои се фалеле дека имаат тајни информации во врска со Северна Кореја, па се до претпазливи предвидувања во врска со иднината на корејскиот полуостров.

Влијателни јужнокорејски твитерџии објавиле бројни пораки во врска со новоста. Репортерот Го Јае-Јеол (@dogsul), чиј што профил на Твитер го следат 150.000 твитерџии, твитна:

우리 정부와 국정원이 김정일 사망을 모르고 있었던 것은 기정사실이고, 관건은 김정일 사망을 CIA나 미국은 알고 있었나 하는 점이다. 알고도 우리 정부에 알려주지 않은 것인지. 그들도 몰랐다면, 이것은 북한 내부가 고의로 지체했다는 것인데.

Прилично е очигледно дека нашата влада и тајната служба немаа поим за смртта на Ким Јонг-ил (се додека тоа не го објави Северна Кореја). Она што е тука важно е да се знае дали ЦИА или Соединетите Американски држави веќе биле известени за ова. Се прашувам, дали решија да го скријат тоа од нашата влада или пак и тие не знаеле ништо за тоа? Во краен случај, Северна Кореја намерно ја премолчела веста.

Г-дин Го твитна уште нешто:

김정일 사망이 12월17일(토요일) 오전 8시30분이었는데… 발표를 오늘 한다? 사망 시점과 발표 시점 사이에 무수히 많은 일들이 벌어진 모양이네요. 장례식장 서열을 보면 그 결과를 알 수 있겠군요. 흠…

Време на смртта на Ким Јонг-ил – 08:30 часот наутро, на 17-ти декември (сабота), а веста ја дознаваме дури денес? Тоа значи дека многу нешта се случиле помеѓу времето на смртта и објавувањето на веста. Последиците од смртта на Ким ќе ги дознаеме според рангот на неговиот погреб.

Ли Ои-с00, најдобро продаван автор и еден од највлијателните тројца твитерџии од Јужна Кореја, со околу 1,1 милион следбеници на Твитер, (@oisoo), твитна:

북한 김정일 국방위원장 사망을 계기로 살을 에는 추위 속에서 전군이 비상사태에 돌입했습니다. 군인들은 고난이 배가될 수밖에 없습니다. 접경지역인 화천경제도 급격히 얼어붙겠지요. 하지만 온 국민이 지혜롭게 한 해를 마무리할 수 있기를 빕니다.

Целата војска се наоѓа во вонредна состојба на ова студено време. Страдањата на нашите војници ќе се удвојат. (Овие новости) ќе ја освежат економијата во Хва-чун (Хва-чун е граничен регион). Надеж за сите Јужнокорејци да ја завршат со добро годината.

Гонг Ји-јанг, друг автор на бестселери (@congjee), твитна:

죽고나서도 바뀔 가능성이 없는 체제는 그 자체로 이미 지옥이다. RT @GoEuntae: 죽어야 물러나는 독재자란 얼마나 끔찍한 체제인가.

Колку е ужасен системот, кој нема можност за промени дури и по смртта на лидерот – тоа навистина е пекол. RT @GoEuntae: Колку е ужасен системот кој му служи на диктатор кој отстапува од функција само откако ќе умре.

Многу Јужнокорејци се уште се жалат на бавната реакција како и на недостатокот од подготвеност од страна на владата. Бак Чан-хонг (@mindgood) коментираше на еден линк до еден извештај од граѓанските медиуми:

MB, 대북라인 절단으로 김정일 사망 사흘간 몰라…“북한중앙방송 상복입고 나오자 경악” j.mp/v6vqE6 아찔한 일입니다.

Поради прекин на комуникација со Северна Кореја, владата три дена не знаела ништо за смртта на Ким Јонг-ил. Откако го виделе севернокорејскиот спикер облечен во црн костум (за на погреб) тие изгубиле здив… Ова е навистина вонемирувачка ситуација.

Рики (@NextBlade) преку Твитер известил дека некои луѓе од војската не биле подготвени за еден ваков итен случај:

현재 한 골프장에 헬기뜨고 난리도 아니란다. 알고 봤더니 평일 한가하게 골프치던 군 장성들 모셔가는 헬기란다. 이틀이 지나도록 아무것도 몰랐다는 증거… 천문학적인 군비는 대체 어디로 가는걸까.

Слушнав дека хеликоптер се издигнал над едно игралиште за голф и предизвикал огромен немир. Хеликоптерот всушност таму бил да придружува неколку војници со висок ранг, кои спокојно уживале во играта за време на неделата. Се претпоставува дека и тие немале поим што се случувало во последните два дена. А што е со астрономските суми што ги инвестира владата во војската?

@52c ги критикувал масовните медиуми, кои што се фалеле дека имаат тајни информации во врска со Северна Кореја. Овие медиуми ги осудија јавните протести како еден од подбуцнатите бунтови од страна на „про-севернокорејската левица“.

남한에서 촛불집회가 일어나도록 북한에서 조종했다는, 그 엄청난 비밀을 알아 냈던 조중동의 북한 소식통들은.. 김정일이 사망한 건 전혀 몰랐구나.. 소식통 좋아하시네..

Весниците Чосун, Јунганг и Донга [Забелешка: тоа се најголемите и највлијателните јужнокорејски весници] – тие тврдеа дека, според „нивните извори“, Северна Кореја ги управувала протестите со свеќи кои се случиле во Јужна Кореја. Овие медиуми, кои што наводно имале пристап до строго тајните информации на „нивните севернокорејски извори“, не знаеле за смртта на Ким Јонг-ил? Што по ѓаволите се случило со тие нивни „извори“?

Додека во Северна Кореја е почнато националното време на жалост, кое ќе трае до 29 декември, некои јужнокорејски медиуми беа критикувани поради погрешната употреба на одреден термин во нивните вести. Некои медиуми употребувале достоен поим, кој што и прилега на личност со висок ранг каква што е Ким Јонг-ил. Џеј Х. Лим (@Narciman) твитна:

김정일 국방위원장의 사망에 대해서 ‘서거'라는 표현은 왠지 어색합니다. 북한 주민들에게나 대한민국 국민들에게나 그는 ‘서거'라는 높임말이 어울리는 인물이 아닙니다. 그냥 ‘사망'이라고 표현하면 좋겠습니다…

Користењето на збор како што е „Сео-гео“ [Забелешка: екстремно формален збор за поимот „починат“] за смртта на Ким Јонг-ил беше чудно. За јужнокорејските граѓани, дури и за некои севернокорејци, тој не е достоен за овој почесен термин. Едноставно кажете дека тој „починал“.

Сепак луѓето ја замолија владата да биде посебно внимателна и осетлива  во одговорот и својата реакција за смртта на Ким. Ју Чанг-сеон (@changseonтвитна:

북한은 지금 상중이다. 거기다 대고 ‘적의 도발시 응징’ 운운하는 것은 예의가 아니다. 자신들이 상을 당해 슬퍼할때상대가 어떠했는지는 두고두고 기억에 남게되어있다. 정부는 지혜롭게 대처해야 한다.

Северна Кореја се наоѓа во период на жалење. Не е учтиво да се даваат коментари како „во случај на провокација ќе го казниме непријателот“ и слично. Луѓето паметат како некој се однесувал со нив додека тие претрпувале загуба. Владата (јужнокорејска) би требало мудро да реагира.

Сео Еун-ах (@eunah386) коментираше за севернокорејските реакции:

CNN에 북한주민들의 반응이 나오는데, 넘 슬프게 운다. 갑자기 중학교때 박정희가 죽었을 때 수업 들어오자 마자 미친듯이 통곡하던 윤리선생과 나도 모르게 미친듯이 울었던 내가 떠오른다. 공통점이 있지 않을까?

Моментално на СиЕнЕн ги гледам реакциите на севернокорејските граѓани, луѓето многу плачат. Се сеќавам на времето кога почина нашиот поранешен јужнокорејски претеседател Парт Јунг-хи. Тој ден мојот професор по етика влезе во училницата викајќи и плачејќи како лудак и јас почнав силно да плачам. Постои ли сличност помеѓу (тоа како луѓето реагираат во) овие два случаи?

Јун Јае-вон, севернокорејски експерт за економија (@yjw23_kseri) ги твитнанеговите анализи (подолу приложен е вториот од неговите два аргумента):

2) 그러나 김일성 사망당시에도 대부분의 외부전문가들이 북한붕괴 월단위로 계산했던 것 생각하면 속단하긴 어렵습니다. 당시 소련붕괴, 고난의 행군, 김일성 사망이라는 3대 악재에 북한 붕괴가 자연스러운 현상이었으나 북한은 붕괴하지 않았습니다.

2) Но ние не можеме да избрзуваме со заклучоци за тоа дека наскоро ќе падне севернокорејскиот режим. Дури и по смртта на Ким Ил-Сунг [основачот] и покрај предвидувањата на севернокорејските екперти, дека за неколку месеци ќе падне Северна Кореја, државата преживеа. Три несреќни случаи, распадот на Советската Унија, штрајкот со глад и смртта на Ким Ил-Сунг се случија во исто време, и се очекуваше дека Северна Кореја ќе се распадне, меѓутоа тоа не се случи.

Додека луѓето се повеќе и повеќе твитаат и блогираат за смртта на Ким, јужнокорејската Комисија за стандарди во комуникацијата предупреди, дека ќе цензурира про-севернокорејски коментари и постови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.