Македонија: Марш за мир во сабота, 17 март

Народот на мултитничка Македонија организира Марш за мир оваа сабота, како израз на загриженоста дека неодамнешните злосторства мотивирани од етничка омраза најавуваат граѓанска војна.

Маршот е закажан за сабота, 17 март 2012. во 2 попладне кај Школка во Градскиот парк во Скопје. Информацијата се шири преку  настанов на Фејсбук, настан на Твитвајт, Твитер-профилот Zaedno za mir и хаштаговите #PEACEmk, #ZaednoZaMir, #zzm и/или #marshnamirot.

Иницијативата во организација на активисти и околу 50 граѓански организации, со учество на уметници и медиумски личности од сите локални етнички групи кои не сакаат да ги снајде реприза на конфликтот од 2001 година (позната и како  „второ полувреме“). Тие велат:

Together for Peace poster. The symbol of overlapping word balloons also spreads as a Facebook profile pic.

Постер „Заедно за мир“. Симболот со стриповски балони што се преклопуваат исто така се шири како сликичка на профил на Фејсбук.

Ние сме
ЗА Мир!
ЗА живеење едни со други наместо едни покрај други!
ЗА Смирување на тензиите!
ЗА Доброто на сите луѓе!
ЗА Пријателство!
ЗА Општество без насилство!

Без предрасуди и манипулации!

Добредојдени се сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подигнување на јавната свест за заеднички живот!
Ова е прашање на граѓанска и човечка освестеност!
Да го посадиме семето на љубовта.

Сакаме и можеме!

Маршот е реакција на серијата насилни меѓуетнички ситуации инциденти, на кои властите реагираа споро (mk, sq) и со низа контроверзи, почнувајќи со гостиварското убиство во тек/после расправија за паркинг место на 28 февруари, преку протестите по погребот при кои се искршени определени продавници, по кои следуваше серија насилни инциденти на „спонтани“ „одмазднички“ напади – тепање на случајни минувачи одбрани по етнички клуч на улиците од неколку македонски градови и во јавниот превоз во Скопје, во кои десетици луѓе здобија сериозни повреди.

Сето ова беше придружено со пристрасно известување во повеќето етнички/јазично поделени медиуми кои не беа опфатени со бранот затворања од минатата година (1, 2 – en), до ниво на отворен говор на омраза. Периодот на влошување на безбедносната ситуација во Македонија почна кон крајот на јануари (en), а му претходеа долгорочни напори за националистичка мобилизација поттикнувани од владеачките етнички македонски и етнички албански партии, насочени кон „нивните“ етнички заедници. Фактор е и „традицијата“ судството да не казнува или да биде многу благо (en, sq, mg, bn, es) кон извршителите на de facto злосторства од омраза. (Овој концепт, на анг. hate crimes, не постои во македонскиот правен систем, иако поттикнувањето етничка и расна омраза или нетрпеливост е кривично дело. Во САД и други земји низ светот, како злосторства од омраза се сметаат активности кои се мотивирани од било каков вид расизам и шовинизами при кои злосторниците ги одбираат жртвите поради нивната припадност кон определена група.)

March for Peace poster by Nebojsha Galevski - Bane. Published with intend to be shared and republished.

Постер „Марш за мир“ од Небојша Гелевски – Бане.

Учесниците во иницијативата ја изразуваат својата посветеност на заеднички живот со припадниците на други етнички групи и преку обезбедување разни преводи во Фејсбук-групата, како и преку објавување разни други дела. На пр. графичкиот дизајнер Небојша Гелевски – Бане, го направи постерот вметнат претходно, додека режисерот Срѓан Јаниќијевиќ  објави едно друго мировно графичко дело, како и видео-клипот што следи.

8 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.