Судејќи според активноста на групата за готвење на македонскиот портал Ping.mk, најактивниот гастрономски блог е Ситно сецкано.
Ситно сецкано објавува билингвални рецепти на македонски и на англиски, испробани од тројца автори преку готвење, фотографирање и јадење, нудејќи различни пристапи на подготовка. Во случајов – Пролетна торта:
Од неговото формирање во март 2009 година, влијанието на овој блог постојано расте преку квалитетот на нивната оригинална содржина надополнета со маркетинг обиди како првиот подарок кога и да било во македонската блогосфера. Неговите рецепти се појавуваат (со атрибуција) на други блогови како што е Балканска Кујна.
Особено истакнат во оваа област е блогот Вегетаријанство, кој ја употребува локалната платформа за блогови Kauza.mk, која се употребува како алатка за пренесување информации на каузите за активности за општествени промени.
Уште еден гастрономски блог е Приказни од една мала кујна, кој вклучува типичен начин на прикажување на рецептите: слики од рачно испишани страници од тефтер со дополнителни објаснувања во објавите. На пример: Морнарска салата:
Од време на време, ‘општите’ блогери пишуваат за нивните кулинарски искуства. На пример, Бочваров еднаш ги претстави неговите ‘цигли од месо’, подготвени од 30 кг свинско мелено месо, 5 кг лук и 2 л вино…
За разлика од силно индивидуалистичкиот вкус на кулинарските блогови, комерцијалните кулинарски веб-локации како Храна и Гурман, избираат да прикажат колективна слика.
Понекогаш, некои веб-локации кои се насочени во други домени објавуваат статии на оваа тема. Веб-сајт на денот има оддел со разгледување на кулинарските веб-локации, а македонскиот портал за рак ѝ приоѓа на храната и состојките во одделот здрав начин на исхрана. Винаријата Тиквеш, која наводно е првата компанија со сопствен блог во Македонија, исто така објавува понекогаш статии кои комбинираат вино и храна.
Сепак, вкупниот број на онлајн извори за готвење на македонски е мал, а влијанието на локалната блогосфера е во почетна фаза. Можеби поради тоа што, кога Храна и вино, најголемиот локален гастрономски бренд кој има ТВ емисија и списание, објави издание со ‘рецепти од интернет’ сите извори беа српски блогови како Палачинка и Mое грне.